Од досега анализираните 19 пријавени случаи, Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции утврдила дека кај 10 пациенти биле изведени непотребнo васкуларни интервенции. Комисијата, формирана од Министерството за здравство по наводите дека се прават операции без медицинска потреба, продолжува со анализи на вкупно 25 пристигнати пријави.

Шест случаи се префрлени во ДСЗИ како ненадлежни за комисијата, а следува втора фаза која ќе вклучи проверки во клиниките низ државата и работа со странски експерти. Дефинитивниот извештај ќе служи за креирање идни здравствени политики. Комисијата засега не ги открива болниците каде што се извршени спорните интервенции поради етички и правни причини.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *