Македонската репрезентација на 26 март во Копенхаген ќе ѝ гостува на Данска во обид да го изненади фаворитот и да обезбеди пласман во финалето во кое за место на Мундијалот ќе соочи со победникот од дуелот меѓу Чешка и Република Ирска. Поразените репрезентации од двата баражи ќе се соочат на 31 март, во Прага или Даблин.

Фудбалската репрезентација на Македонија, откако утринава го имаше првиот собир, веќе го одработи и првиот тренинг од подготовките за дуелот против Данска.

Македонија мини-подготовките ги започна во нова опрема и со нов селектор, а целта е една – победа над Данска и продолжување на сонот за учество на Мундијаот во САД, Канада и Мексико.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *