Поп кралицата Мадона вчера наполни 64 години а Роденденот го прослави во Сицилија, Италија.
Забавата се одржа во дворецот Кастелучио. Таа роденденот го прослави со целото нејзино семејство и синот Роко Ричи кој исто така за неколку дена слави роденден.
Мадона сподели и фотографии од нивната роденденска вечера со италијанска музика, декорирана маса поставена во дворот на изнајмената куќа на Сицилија. Пејачката сподели и видео од нивното патување на кое се гледа како уживаат во заедничките моменти