Откако се одиграа сите натпревари од второто коло на Лигата на шампионите, може да се сумира и табелата на која се наоѓаат сите 36 екипи учеснички. Само седум екипи имаат максимален ефект после две кола, а помеѓу нив има и неколку изненадувања. изненадувачки лош пласман имаат Барселона на 16-тата и Реал Мадрид на 17-тата позиција, но ништо подобар не е ниту Баерн Минхен, кој после поразот од Астон вила падна од првото на 15-тото место.

На првата позиција е Борусија Дортмунд со најдобра гол-разлика од екипите со по шест бода, +9, па следува најголемото изненадување, француски Брест. Максимална е и Бенфика, како и Баер Леверкузен, Ливерпул, Астон Вила и Јувентус.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *