Фудбалерите на Интер, Баерн Минхен, ПСЖ и Барселона се пласираа синоќа во четвртфиналето во Лигата на шампиони. Крилниот напаѓач на Барселона Ламин Јамал ​​стана најмладиот играч кој постигнал гол и асистенција на еден натпревар од Лигата на шампионите вечерва, објави Европската фудбалска асоцијација  соборувајќи го претходниот рекорд кој го држеше Брил Емболо.Натпреаврите продолжуваат вечерва во очекување на реванш мечот меѓу Атлетико (М) и Реал (М)

Интер против Баерн Минхен е првата позната четвртфинална двојка во Лигата на шампионите.

Вечерва ќе бидат познати и останатите три четвртфинални пресметки. Јасно е дека Арсенал оди понатаму, а ривалот ќе му биде од Мадрид, но прашањето е дали ќе биде Реал или Атлетико.

ПСЖ го преживеа пеколот на „Енфилд роуд“ и го елиминира Ливерпул, а сега му се мести уште еден противник од Премиер лигата, но реално многу послаб, а тоа е Астон вила.

Својот ривал во четвртфиналето го чека и Барселона, а тоа ќе биде подобриот од дуелот меѓу Лил и Борусија Дортмунд

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *