Првиот албум се снима во период јуни – јули 1991 година во студиото М2 при МРТВ каде музички продуцент е Валентино Скендеровски.На албумот како гости се појавуваат Валентино Скендеровски (аранжмани и клавијатури), Бане Поповиќ (Меморија) свири соло гитари, Зоран Крагуевски(саксафон)и Мики Јовановски-Џафер пее пратечки вокали.Албумот е наречен „92“ и објавен октомври 1991 под етикета на продукција на МРТВ.Албумот „92“ е најпродаван албум во категоријата на поп-рок албуми во Македонија за 1991 година. Најголем хит од овој албум се издвојува песната „Патуваме“. Следеше голема македонска турнеја , а во Охрид на концертот специјален гостин беше Саша Лошиќ (Плави Оркестар).По завршување на турнејата март 1992 година групата ја напушта Властимир Тодоровиќ-Власте и на негово место на групата и се придружува Живорад Сарџоски-Жики како клавијатурист.
Вториот албум се снима во период септември-ноември 1992 година во студиото М2 при МРТВ .Овој албум има поцврст звук и е продуциран од искусниот продуцетнски тим Брацо Зафировски и Трајче Органџиев. Албумот е објавен февруари 1993 и е наречен „Свет без граници“ под етикета повторно на Продукција на МРТВ. Албумот го обележа мега хитот „Признавам-Непризнавам“ кој беше снимен во дует со во тој миг најпопуларната раперка во Македонија , Ена Веко.
Во тој период е реализирана и песната „Зимбала –Тримбала“ за потребите на најпопуларното детско шоу „Дајте музика“ на Македонската телевизија.
Во 1994 година во студиото М во Радио Телевизија Нови Сад (Република Србија) е снимена песната „Еј кафано слатки доме“ како најава за следниот албум кој за жал во тој момент не се реализира. Продуцент на песната е Јован Адамов, а е снимена со тамбурашкиот оркестар при РТВ Нови Сад.
Во 1996 година доаѓа до персонални промени во групата Легенда. Групата ја напуштаат Крсте Данајловски – Кокан и Живорад Сарџоски – Жики. На местото на нов вокал и гитарист се приклучува Александар Јовановски-Алек. Во 1997 година е реализиран првиот сингл со новиот пејач наречен „Кога сум сам“ снимен во студио М2 при МРТВ под продуцентска палка на Никола Кимовски.
Третиот албум се снима во период од април-мај 1998 година во студиото Тралала. Продуцент на албумот е Мите Димовски (Архангел). Албумот е објавен под етикета на Мистер компани. Албумот е наречен ,„Време е…“. Овој албум го обележуваат два мега хита „На море“ и „Време е“. Интересно е што песната „Време е..“ станува и незванично химна на навивачите на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје-Аеродром.
Во 2000 година во студиото АХА на Александар Митевски е реализиран синглот „Шеќерче“.
Во 2008 година во студиото на Роберт Билбилов е реализиран синглот „На овој свет“
Во 2018 година е реализиран документарен филм насловен „Свет без граници“ режиран од Билјана Билбиловска и Глигор Кондоски од Тетово.
Дискографија:
- 1991: 92
- 1993: Свет без граници
- 1998: Време е

