Во Македонија имаме разведрување на времето со засилување на ветерот од северен правец, и истиот услови температурите нагло и значително да опаднат дури за околу 15 степени за разлика од оние кои ги имавме до вчера (среда 9 јули).
На метеоролошката карта може да се види дека рано утринава на многу места низ Македонија температурата се спушти близу 10 степени, а таа во западните планински повисоки места се спушти и под 10 степени, што значи дека утрово ни е потребна и малку потопла облека.

