Следната година Универзитетот Јејл во Њу Хејвен, Конектикат, САД, ќе воведе нов курс којшто ќе ја проучува работата и делото на поп-ѕвездата Бијонсе, која веќе важи за една од
највлијателните уметници во историјата на американската музика. Насловен „Бијонсе гради историја: Радикална афроамериканска традиција, култура, теорија и политика низ музиката“, курсот ќе се сосредоточи на периодот од 2013 година до денес, но и на тоа како светски познатата пејачка и текстописец влијае во општествено-политичките збиднувања.