Денес се одржа прес конференција под раководство на новиот директор на Дом на култура “Ацо Шопов”- Штип. Новиот директор Филип Стефановски ја објави новата програма. За старт од оваа годиина штипскиот Народен театар ќе понуди 10 претстави од кои ќе има две гостувања. Од Народниот театар од Куманово, а второто гостување Бели Мугри од Кочани.
Што се однесува до новите проекти се уште не е излезена програмата за 2025 година, но се очекува наскоро.
Новитет е тоа што билетарата во Домот на културата ќе работи од 9 до 19ч а додека во Народен театар ќе работи до 17ч.
Инаку, годинава еден од најзначајните настани од областа на културата во оваа институција но и за повеќе институции е тоа што ќе се прослават 100 години од првата опера и првиот театар во Штип. Манифестација што дефинитивно ќе ја одбележи оваа 2025. Во организацијата на оваа манифестација ќе бидат вклучени повеќе културни институции. Во склоп на НУЦК продолжува да си функционира ателјето. КУД “Ристо Донев”- учителот, Градскиот хор, а во ииднина ќе се стреми да се врати театарот за деца кој што навистина е најзначајна улога во Штип, бидејќи се потекнува од децата.
Освен програмата најголемиот план за 2025 е реновирање на големата сала и поставување на греење. Други новости кои што се предвидени годинава се модернизација на главниот влез.
Исто така се планира и нова концертна сала со поставување на клавир каде што ќе можат да се одржуваат класични концерти.
Истакна на денешнава прес конференција Филип Стефановски
![]()

