На 96 години почина Коста Балабанов, човекот што евидентирал 18.000 икони од Македонија
Историчар на уметноста, автор на повеќе од 200 стручни и научни трудови посветени главно на средновековната уметност, филмски и телевизиски сценарист.
Коста Лазаров Балабанов е роден на 5 април 1929 година во Штип, каде го завршил основното и средното образование. Во 1948 година се вработува во претпријатието за автотранспорт и шпедиција, а потоа работи како сценограф во Народниот театар во Штип.

