Легендарниот Здравко Чолиќ, една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња на нашите простори, по 6 години ќе се врати во Скопје на 18 март 2025 година, во арената „Борис Трајковски“.

Овојпат, тој пристигнува со дури 50 врвни музичари, големите инструментални солисти на новосадскиот Биг бенд и оркестарот на операта на Српскиот народен театар од Нови Сад. Откако оваа ексклузивна концертна програма на Здравко Чолиќ со симфониски оркестар ги распродаде арените ширум регионот, конечно и македонската публика има можност да ужива во специјално избраниот репертоар и исклучителните аранжмани, зад кои се потпишува диригентот Федор Вртачник.

Чолиќ, чија огромна популарност трае веќе пет децении, ќе ги претстави големите хитови од сите фази на неговата кариера, изведени со поддршка од симфониски оркестар, што ќе донесе нова емоција и ново искуство на уживање во едни од најубавите и најголемите љубовни песни испеани на овие простори.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *