Иако концертот на Дино Мерлин за време на пастрамалијадата се најавува како “мега настан”, прашањево останува: Кому му носи реален бенифит?

Градоначалникот Иван Јорданов изјави дека најголемиот дел од средствата ќе бидат обезбедени преку спонзорства и дека Штип ќе добие милионски профит. Но, засега не се објавени имиња на спонзори, ниту конкретни финансиски проекции.

“Ќе има богата музичка програма која ќе биде обезбедена од најголем дел од спонзорства, истите тие средства собрани од спонзорства ќе бидат за ангажирање на познатите музички имиња кои на Штип ќе му донесат милионски обрат на средства тие денови на одржување на Пастрамалијадата.” изјави градоначалникот Иван Јорданов.

Во однос на транспарентност колку чини целиот настан? Дали средствата би можеле да бидат инвестирани во трајни инфраструктурни или културни проекти?

Концертот можеби ќе донесе гламур и публика, но ако зад него стои скриен детал, тогаш и најгласната музика нема да го заглуши прашањето: Дали ова е вистинскиот приоритет за Штип?

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *