Maкедонци не можеле да направат концерт.!Тоа го можат само Срби и Хрвати. Овој мит го разби групата „Меморија“ со концертот изминатиот викенд во арената „Борис Трајковски“.
Четири часа концерт, еден час за секоја декада на сцената.
Македонскиот култен рок-бенд „Меморија“ приреди вечер за паметење. На сцена полна со енергија, харизма и носталгија, членовите на бендот ги воодушевија сите генерации на публика, од најмладите до верните обожаватели кои ги следат веќе четири децении.
Концертот беше збогатен со гостувања на познати музичари и тоа Сара Мејс, Андријана Јаневска , Александра Јанева и Дани Дитровска кои ја облагородија сцената со моќни интерпретации.
Во текот на концертот преку видео бим се обрати Симон Трпчевски, љубител на песните на Бендот, и маестрално како што само тој умее ја отсвири „Оган под звездите“.
Настапот беше чист „Мade in Macedonia“.