За првпат на Штипско културно лето познатите македонски изворни песни: „Море сокол пие“ „Со маки сум се родила“ „Галеб Мој“ „Елено ќерко Елено“ „Ленка“ и други ќе биде изведени на Солистички концерт со наслов “Звукот на еден глас“ од м-р Виолета Арсовска истакнат драмски сопран, и педагог по соло пеење
Штипјани ќе имаат можност да уживаат во Традиционалните изворни македонски песни отпеани од големиот вокал-драмски сопран Виолета Арсовска со својот моќен глас кој ќе допре до сите сетила на присутните.
Концертот ќе се одржи во среда на 3 Јули во УГ Безистен-Штип. Покрај Арсовска на концертот ќе настапи и М-р Трајче Роглев пијано соработник.
М-р Виолета Арсовска е родена во Карловац-Хрватска, средно образование завршува со Средното музичко училиште во Штип. Дипломира во 2008 на Универзитет Кирил и Методиј на музичка академија во Скопје. Учествува на голем број Државни и Интернационални натпревари каде постигнува врвни успеси. Заедно со познатата пијанистка Марија Максимова го издаваат првото ЦД со современа музика од Македонски и Руски композитори.
М-р Виолета Арсовска е во брак со познатиот каратист Жарко Арсовски, живее и работи во Штип