Во просек, годишниот пораст на очекуваниот животен век во Европа падна од 0,23 години помеѓу 1990 и 2011 година на 0,15 години помеѓу 2011 и 2019 година, според истражувањето објавено во списанието Lancet Public Health.

Од 20 испитани земји, растот на животниот век се намали насекаде, освен во Норвешка.

Најголемо забавување на животниот век бележи Англија, а потоа следат Северна Ирска, Велс и Шкотска. Студијата, спроведена од научници предводени од експерти од Универзитетот во Источна Англија, ги испитуваше промените во очекуваниот животен век во 20 европски земји во периодот од 1990 до 2021 година. Експертите посочуваат дека земјите каде што очекуваниот животен век е најмалку забавен, како Норвешка, Исланд, Шведска, Данска и Белгија, имаат помалку смртни случаи од срцеви заболувања и рак. Како што е наведено, заклучоците од студијата укажуваат дека се потребни посилни владини политики за борба против дебелината и поттикнување на физичката активност.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *