Во присуство на повеќемина фудбалски и спортски легенди, беше промовирана првата авторизирана биографија на Дарко Панчев, на нашата фудбалска икона, на еден од најдобрите фудбалери во историјата на овие простори.
Автор на ова дело е новинарската легенда Зоран Михајлов а еден од промотерите беше и легендарниот Васил Рингов.
Во книгата Михајлов успеа да открие дел од карирерата и живото на Дарко, кои за пошироката јавност не се толку познати.
Во публикацијата има искази од повеќе негови соиграчи, но и други лица кои се поврзани со Панчев во неговиот живот.
Своите фудбалски почетоци ги бележи во ФК Вардар Скопје во младинската школа на истоимениот клуб. Уште на самиот почеток од својата фудбалска кариера ги изразил своите напаѓачки атрибути. Од 1982 до 1988 година играл за својот матичен клуб. Со прикажувањето на одлични голгетерски способности му се отворил нов хоризонт кон неговата кариера и тоа во гигантот Црвена звезда каде што настапил четири години. Добил златна копачка за најдобар напаѓач во Европа со 34 постигнати гола и на црвено-белите, а воедно дал голем придонес за освојување на лигата на европските шампиони во 1991 година. Во тие моменти доживеал светска слава и имал одлични понуди од неколку светски гиганти но тој се одлучува да стане нов член на Интер Милано.