Во Штип оваа недела не очекува вистински кошаркарски спектакл! Во салата „Јордан Мијалков“ ќе се одигра дербито на колото меѓу КК Соколи и КК Мега Баскет.

Натпреварот е закажан за недела со почеток во 18 часот, а гостите пристигнуваат како екипа што одлично котира на табелата. За штипјани ова е натпревар од огромно значење — доколку сакаат пласман во Супер лигата, неопходно е да започнат серија на успешни резултати.

Тренерот Тоше Димиќ потврди дека тимот дополнително се засилил со нов играч — Даниел Нацевски, кошаркар кој доаѓа од унгарскиот шампионат. Димиќ верува во победа против силниот противник и очекува максимална борбеност на теренот.

Од клубот апелираат до љубителите на кошарката да дојдат и да дадат силна поддршка од трибините.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *