Кошаркарите на Штипски Соколи ги очекува важен натпревар против екипата на Овче Поле од Свети Николе. Станува збор за дуел за Соколи доста важен во овој есенски дел доколку сака да остане  во врвот на табелата во Источната Б група и кој се очекува да донесе вистинска кошаркарска атмосфера.

Сите љубители на кошарката се поканети да бидат дел од овој натпревар, бидејќи се очекува полна сала и силна поддршка од навивачките тимови на двете страни. Ова ќе биде вистински празник на спортот за нашиот град!

За прв пат во историјата, натпреварот ќе биде пренесуван во живо на МРТ 3, што го става нашиот клуб на национална сцена и ја покажува растечката моќ на штипската кошарка.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *