КК „Соколи“ активно се подготвува за новата сезона со локалните кошаркари. Во периодот од 1 до 15 септември договорени се три пријателски натпревари со прволигашите „Кожув“, „Работнички“ и „Маџари“. Екипата ќе настапи во комплетен состав.
Нови играчи во тимот се Милков, Тодоровски, Коцев, Христјан Тодоровски, Митевски, како и засилувањето на бековската позиција – Борјан Ангелковски од МЗТ Скопје.
Амбициите на КК „Соколи“ се познати со високи цели и препознатлив борбен дух и влез во Првата лига.