Планинарките и авантуристки од Планинарскиот клуб „Лисец“ – Штип, Билјана Лепавцова и Татјана (Томиќ) Грахам, денес го започнаа своето големо патување кон Килиманџаро, највисокиот врв на Африка со височина од 5.895 метри.

Со подготвеност и голема решителност, двете планинарки се упатија кон „покривот на Африка“, носејќи со себе не само љубов кон планината, туку и силен дух за авантура и истражување.

Од Планинарскиот клуб „Лисец“ им посакуваат мирно небо, лесни чекори и убаво време, со надеж дека успешно ќе го освојат врвот.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *