Македонските граѓани низ светот со платежни картички потрошиле 666,7 милиони евра во 2024 година. Податоците коишто ги прикажуваат Македонците како сериозни трошаџии се од платежната статистика на Народната банка, која дава слика за тоа каде и како тие располагаат со своите пари: кеш од банкомати најмногу се повлекува во Словенија; и по бројност и по вредност водечки се трансакциите направени во Германија; во соседството, парите одат во Србија… Има уште многу интересни показатели, опфатени во анализата на порталот Пари.

На патувања или од дома, во текот на минатата година, со платежните картички издадени во земјава биле направени 19.320.222 трансакции, распоредени во 47 држави наведени со име, а како 48 земја во табелата на НБРСМ е остатокот од светотВкупната вредност на сите тие активности е 41.000.747.335 денари (666,7 милиони евра).

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *