200 камери за видео надзор ќе бидат поставени на целата територијата на општина Штип.
Камерите ќе бидат поставени на стратешки позиции низ градот, вклучувајќи јавни површини, паркови, детски игралишта, училишта, сообраќајници и крстосници, со што ќе се опфатат речиси сите населби во општината каде што има и најголема фрекфенција.
Главната цел на овој проект е да се спречи и намали девијантното однесување, како и да се заштитат јавните добра, како што се урбаната опрема и детските реквизити, кои често стануваат цел на вандализам и оштетување. Видео надзорот ќе обезбеди навремена реакција на надлежните органи и ќе овозможи ефикасно санкционирање на сторителите на прекршоци, а од друга страна ќе се зголеми безбедноста на сите граѓани.

