Камерниот оркестар на Битола во 2026 година најавува интензивна и содржајна концертна сезона, исполнета со бројни уметнички проекти и културни активности кои значително ќе ја збогатат музичката и културната сцена.
Со формирањето на оркестарот како јавна културна установа беа поставени темелите за институционално, професионално и континуирано функционирање во рамките на македонскиот културен систем.
Институцијата делува со мисија да ја aфирмира и развива музичката уметност, да ја збогатува културната сцена со квалитетни програми, да овозможи пристапност и континуитет на класичната и камерната музика, да ја промовира македонската музичка традиција во земјата и надвор од неа и ги поттикнува новите генерации музичари и публиката преку современи и разновидни пристапи.
Камерниот оркестар на Битола се стреми кон современ музички израз, уметничка разнообразност и квалитет, како и кон создавање нови можности за културен развој во регионот и пошироко.

