Месец ноември, познат како „Машки месец“ или Movember, има за цел да подигне свеста за машкото здравје, особено кога станува збор за превенција и рано откривање на машките болести. Ова е важен период за разговарање за здравјето на мажите, особено за заболувањата како карциномот на простатата, кој е една од најчестите и најсмртоносни болести кај машката популација. Во продолжение, извојуваме дел разговорот со д-р Благоја Здравев, специјалист уролог од КБ Штип, кој е активен учесник во кампањите за машкото здравје.
Кoлку придонесуваат кампањите за машкото здравје?
Д-р Здравев: Kампањите за машкото здравје имаат значителен ефект особено во реонот кој што го покриваме. Во последните неколку години осносно со текот на годините се зголемува свеста и учеството на мажите во превентивните прегледи но да потенцирам тоа не е доволно. Oваа година, за прв пат, КБ Штип се вклучи активно во кампањата за превентивни прегледи, што дополнително ја подига свеста кај машката популација. Сепак, и покрај зголемената свест, потребно е уште многу работа за целосно покривање на сите мажи.
Кои се најчести машки болести?
Д-р Здравев: Најчеста болест меѓу мажите е карциномот на простатата, којa е на врвот на листата на болести што ги погодуваат мажите и е втора најчеста причина за смрт кај нив во светски рамки. Според статистиките, на годишно ниво на Клиниката за онкологија во Скопје се откриваат околу 290 до 300 нови случаи на рак на простатата. Околу 14% од мажите имаат потенцијал да заболат од простата, над 80% мажите на возраст од 60-70 години заболуваат од болестите на простата.
Како се грижи младата популација за здравјето?
Д-р Здравев Иако младата популација не е толку оптеретена со ризикот од болести на простатата, д-р Здравев истакнува дека се почесто се среќаваат млади мажи кои поради генетските фактори или поради лични загрижености, бараат прегледи. За младите мажи, превентивните прегледи за простатата не се препорачуваат, но со оглед на напредокот во медицината и зголемената информираност, можеби ќе се менуваат препораките во иднина.
Најчести ризик фактори за машките болести?
Во однос на ризик факторите, д-р Здравев нагласува дека не се сите фактори целосно познати. Меѓу најважните ризици се околината, расната припадност, општо познато е дека простата се јавува кај црна раса и најмалку чест кај жолтата, нормално овде спаѓаат и начинот на живот и исхрана( премногу зачинете, лута храна, богата со масти) Генетиката, секако, има големо влијание, особено ако во семејството постоеле случаи на рак на простатата.
Колку често треба да се прават прегледи?
Д-р Здравев: Првиот преглед за простатата треба да се направи по 50-та година, и тоа преку матичните здравствени установи. Прегледот се состои од Ехо на пристата, Волумен на простата и Тумор-маркер на простата. Врз основа на резултатите од првиот преглед, ќе се определи колку често треба да се прават следните прегледи, дали еднаш годишно или почесто, во зависност од индивидуалните ризици. Од друга страна популацијата која е генетски оптеретена препораките се да започнат од 40-та година. Тие тестирања се прават во МАНУ.
Доктор Здравев сведоци сме дека медицината постојано напредува па како е во Урологијата?
Д-р Здравев: Во рамките на финасиските можности можам да кажам дека соодветно го држиме чекорот со останатите здравствени установи. Неможеме да бидеме многу напред но не и изостануваме. Генерално се прават сите интервенции на простата.
Заклучок-Совет
Кампањите за машкото здравје имаат големо значење, но важно е мажите редовно да се грижат за своето здравје и да не чекаат да се појават симптоми за да одат на преглед. Рано откривање на болести како карциномот на простатата може да направи разлика во успешноста на лекувањето.