Македонскиот филолог, лингвист, синолог и преведувач од старокинески и кинески јазик Игор Радев се најде на листата од најистакнати синолози во светот за 2024 година што ја прави Светскиот синолошки центар на Пекиншкиот јазичен универзитет. Станува збор за годишна ранг листа на 10 научници што оствариле исклучителен придонес во научната област.

Добитник е на кинеската државна награда „Кинеска награда за особен придонес во литературата” (највисокото признание во Кина на книжевно-културно поле што може да биде доделено на странски државјанин), на наградата „Григор Прличев” доделена од Сојузот на литературните преведувачи на Македонија за преводот од древнокинески на македонски, и на наградата на Град Скопје „13 Ноември”.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *