Павле Камилоски ја презентира својата новогодишна песна „Иде Нова година“, која е идеална за будење на празничната атмосфера. Компонирана од Дамир Пух и Наташа Миха, а со текст на Ксенија Николовска, песната носи ведар и радосен тон кој ќе го разбуди духот на празниците.
Гласот на Камилоски е употреден со звуците на весели ѕвона и детски хор, што создаваат емоционална и топла атмосфера, исполнета со новогодишни желби и радости. Аранжманот на песната е дело на Дамир Пух, додека хорскиот дел го изработила Наташа Миха.