Ново разочарување за навивачите на Реал Мадрид, по дебаклот од Барселона, денеска и Милан го победи кралскиот клуб на негов терен, триумф од 3-1 во меч од Лигата на шампионите.
Реал Мадрид живее тешки денови, тимот на Карло Анчелоти се наоѓа во криза. Се веруваше дека поразот од Барселона ќе им даде мотив повеќе да го совладаат Милан и да се вратат на победничките патеки, но денешниот натпревар покажа дека кралот е разнишан.
По некомплетно четврто коло во Лигата на шампиони, изгледот на табелата делува чудно. Не е чудно што Ливерпул е лидер со четири победи од исто толку мечеви, но кога се работи за позициите на кои се наоѓаат некои други европски гиганти, делува збунувачки.
Јувентус има освоено седум бодови од четири меча и е на 10 место, а интересно е дека Динамо Загреб кој во првото коло загуби со рекордни 9:2 од Баерн Минхен, сега е на 14 позиција, пред голем број на фаворити.
Барселона која треба да одигра во четвртото коло против Црвена ѕвезда во Белград, моментално е на 15 место на табелата со шест бодови. Реал Мадрид по четири кола има шест бодови и е на 17 позиција, додека Милан е веднаш зад Кралевите.
Францускиот првак Пари Сен Жермен е на 23 место со четири бодови, а Баерн Минхен има само три бода од првите три кола и е на 25 место. Атлетико Мадрид е дури на 28 место, а Лајпциг е при дното, односно на 31 позиција.