Групата Синтезис  амбасадори на македонската музика, го одбележаа својот 30-годишен јубилеј со спектакуларен концерт во Македонската Филхармонија.

Со повеќе од 500 концерти одржани на сите континенти, Синтезис се докажа како најзначајниот извозен музички продукт од Македонија. Нивната мисија е да ја зачуваат македонската традиционална музика. Цели три децении, Синтезис со посветеност и страст ја чува и развива македонската музичка традиција.  За потсетување оваа група е формирана во  1995 година, Синтезис ја започна својата кариера со уникатна визија – да ја оживее и презентира македонската традиционална музика на современ начин.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *