Проблемот со уличните кучиња во Штип и понатаму нерешен. И покрај бројните апели и реакции од граѓаните, проблемот со уличните кучиња во Штип останува нерешен. Надлежните институции се’ уште  не преземаат конкретни мерки, додека граѓаните секојдневно се соочуваат со страв и несигурност при движење на градските улици.

Состојбата се влошува се’ почесто се забележуваат групирани кучиња во повеќе делови од градот  што дополнително ја зголемува загриженоста. Граѓаните предупредуваат дека оваа состојба може да прерасне во уште посериозен проблем доколку не се реагира навреме.

Се поставува прашањето:  До кога ќе се молчи и кого конечно ќе се преземат конкретни чекори за трајно решавање на овој проблем?

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *