Кик бокс клубот Гладијатор Фајт – Штип ќе настапи со силен состав од девет натпреварувачи на големиот меѓународен турнир „Најдобрите борци од Балканот“, кој ќе се одржи од 12 до 14 декември 2025 година во Ниш Србија. На овој престижен настан ќе учествуваат најсилните кикбоксери од целиот Балкан, а штипскиот клуб е подготвен да покаже врвни резултати.

Натпреварувачи кои настапуваат од Гладијатор Фајт-Штип

  1. Антонија Тасева – 60 kg

  2. Јован Јанковски – 52 kg

  3. Андреја Милошевска – 65 kg

  4. Леонтина Миткова – 65 kg

  5. Петра Долдуroва – 65 kg

  6. Баже Јанев – 32 kg

  7. Михаил Јанев – 32 kg

  8. Максим Иванов – 32 kg

  9. Димитар Иванов – 42 kg

Интензивни подготовки во тек

Подготовките за овој голем настап се во полн ек. Борците тренираат од понеделник до петок, веќе 30 дена со внимателно планиран режим на работа. Тимот е предводен од тренерот Шенол Асанов, кој за радио AngelsFM истакна дека спортскиот дух и дисциплината се на највисоко ниво пред ова важно натпреварување.

Во стручниот дел на подготовките активно учествува и државната шампионка Викторија Варадинова, која заедно со тренерот Асанов го подготвува тимот за што подобар резултат на престојниот меѓународен предизвик.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *