Со одличните резултати на Општинскиот натпревар по Биологија, кој се одржа на 24.01.2025 година, СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ во Штип ја започна сезоната на награди за учебната 2024/2025 година. Учениците од ова училиште ја покажаа својата посветеност и знаење, остварувајќи значајни резултати:
- Драган Иванов и Мила Штериева од 1-7 клас освоија втора награда.
- Сара Крстева и Драгана Апостолова од 1-3 клас освоија трека награда.
- Теа Стојановска од 1-7 клас и Филип Деловски од 1-5 клас исто така освоија трека награда.
Ментор на овие ученици беше професор Емица Пилешкова.
- Даниел Христов од 3-1 клас освои втора награда.
- Елена Џамбазова од 3-1 клас освои трека награда.
- Ангела Стојановска од 2-2 клас освои втора награда.
Ментор на овие ученици беше професор Кети Додева-Трајчева.
Сите наградени ученици добија право на учество на Регионалниот натпревар, што претставува значителен успех и ги поттикнува да продолжат со своите напори.

