Фонтаната на самиот влез од плоштадот „Слобода“ во Штип повторно е надвор од функција. Иако беше изградена пред само неколку години, подолг период не работи и денес служи како место за собирање ѓубре.
За потсетување, на ова исто место пред 17 години тогашната локална власт изгради нова фонтана. Но, поради грешки во водоводниот систем, таа никогаш не проработи. Речиси една деценија остана нефункционална, а комуналните служби ја претворија во жардиниера со цвеќиња и украсни растенија.
Очигледно, и оваа фонтана ја доживува истата судбина – од украс на влезот во плоштадот, во заборавен и запуштен простор.