Врвниот виолинист Даниел Роуланд и 30 млади европски музичари ќе настапат во Камерната сала на Македонската филхармонија. концертот „Од студио до сцена“, под уметничко водство на реномираниот холандско-британски виолинист Даниел Роуланд. Концертот претставува кулминација на истоимената едукативна програма, во која учествуваат 30 внимателно селектирани млади музичари од Европа.Во текот на повеќедневната интензивна работа, учесниците, под менторство на Даниел Роуланд, ги снимаат делата во професионалното студио по што истата музика се пренесува на концертната сцена, каде добива нова енергија и комуникација со публиката.

