И покрај неучеството на Македонија на изборот за Песна на Евровизија 2025 – сите патишта во мај водат кон Швајцарија.

Обложувалниците работаат „со полна пареа“, а главната ѕвезда за победата е светски позната британска поп-пејачка Бони Тајлер(позната по големиот хит „Total Eclipse of the Heart“). Таа е толку позната со што на Евровизискиот фестивал на некој начин му го враќа гламурот, од она време кога настапуваа вистински ѕвезди од своите земји (АББА, Селин Дион, Тото Кутуњо, Џиљола Џинквети, Клиф Ричард, Хулио Иглесијас, Здравко Чолиќ, Тереза, Марија Шерифовиќ, Руслана, Владо Јаневски, Тоше Проески….) Но иако е Бони Тајлер, тоа не е сигурна гаранција дека ќе победи, иако сега типуваат за нејзиниот триумф. Самата Бони е пресреќна. Воедно ќе биде по годините најстарата учесничка.

– Вистински сум почестена и одушевена што ќе ја претставувам својата земја Велика Британија на Евровизија со прекрасната песна. Ќе дадам се од себе, не да победам, туку да оставам најсилен впечаток. Впрочем, не се знае, може и ќе победам, па со тоа на Евровизија да ѝ ги вратам вистинските пејачки ѕвезди кои знаат да пеат, воодушевено порачува расположената 62-годишната Бони.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *