Според информации од буџетот на МРТВ за 2025 година, не се предвидени средства за учество на Евровизија, но и покрај тоа настанот ќе биде пренесуван.
Најдобриот резултат за Македонија досега на Евровизија беше осмото место, постигнато од пејачката Тамара Тодевска во 2019 година во Тел Авив, Израел.
Ова е трета година по ред како нашата земја не учествува во ова познато музичко натпреварување, а последна беше Андреа Коевска во 2022 година со песната „Circles“, чиј настап беше проследен со скандал со фрлање на македонското знаме.