Средната возраст на населението во Македонија е 42,21 година, додека во ЕУ е 44,9 години, покажуваат податоците на Еуростат за 2025 година.

Во 2015 година средната возраст на луѓето во Македонија била 37,4 години. Зголемувањето на возраста за 4,8 години за само десет години е меѓу највисоките во Европа, односно повеќе од двојно од просекот во ЕУ од 2,1.

Од членките на ЕУ, најбрзо стареат Словенија и Кипар, каде што средната возраст се зголемила за 4,0 години, Италија (3,9) и Грција и Полска (по 3,7).

Зголемување на средната возраст на населението е забележана во сите земји од ЕУ, освен во Германија и во Малта (-0,4 години). Најмладо население има Ирска (39,6 години), а најстаро Италија (49,1 година).

Од земјите во регионот помладо население од нас има само Црна Гора 40,4 години, а постаро Албанија (44,3), Србија (45,4) Хрватска и Словенија (45,5) и Грција и Бугарија (47,2 години).

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *