Во развиените земји е видливо значително поместување кон електронските плаќања, а една неодамнешна студија покажува дека оваа трансформација влијае врз нашите навики за трошење. Научниците од Универзитетот во Аделаида и Универзитетот во Мелбурн спровеле метаанализа на 71 студија, испитувајќи го однесувањето на потрошувачите во 17 земји во светот. Откриле дека користењето електронски плаќања често води до повисоки трошоци во споредба со користењето готовина. Научниците забележале дека зголемувањето на потрошувачката е мало, но значајно и дека е поизразено за видливата потрошувачка, како што е луксузната стока. Овој наод, иако претходно бил забележан, сега е потврден преку повеќе експерименти. Економските услови влијаеја и врз ефектот на безготовинските плаќања, кои беа посилни во подобрите економски времиња, иако овој ефект се намалува со текот на времето. Нивото на инфлација не влијаело врз готовината, наспроти безготовинското трошење. Авторите на студијата имаат цел да истражат како новите технологии за плаќање, вклучувајќи ги криптовалутите и услугите „купи-сега-плаќај-подоцна“, влијаат врз потрошувачката. Транзицијата кон општество без готовина изгледа речиси неизбежна.

– Ова истражување е од клучно значење бидејќи фрла светлина на занемарениот аспект на оваа транзиција: како начините на плаќање влијаат врз нашето однесување при купувањето. Ова разбирање може да нè поттикне да донесуваме поинформирани одлуки за купувањето – заклучил Шомбургк.

Customer giving credit card to cashier over desk with pos terminal for payment. Cropped shot, closeup of hands. Shopping concept

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *