Од 15 јули познатата штипска улица „Ванчо Прке“ се затвара за сообраќај и ќе започнат подготовките за нејзина трансформација во шеталиште.

„Едносмерната“  улица  е една од најфрекфентните улици во Штип  каде од секогаш се сместени главните трговски дуќани во градот.

По изградбата на двете катни гаражи на почетокот и на крајот на улицата кои беа клучни за реализација на овој проект,  најпрво ќе се започне со  промена на  целата канализациона и водоводна мрежа со кои станарите овде имаат големи проблеми.

Улицата ќе биде на ниво без тротоар а предвидено е да бидат поставени украсни елементи, клупи и канделабри.

Станарите кои живеат на оваа улица ќе имаат и обезбеден паркинг простор во двете катни гаражи.

Инаку снадбувањето на дуќаните со роба ќе се спроведува во одредени термини од денот.

„Градоначалникот на Штип Иван Јорданов за Радио Angels FM истакна дека неколку недели „Едносмерната улица“ ќе биде  пробно затворена за сообраќај  и доколку се е во најдобар ред и е според планираното  ќе се започне со поплочување на истата, ќе биде поставена урбана опрема, и нова водоводна инсфраструктура.

Со изменет сообраќаен режим и шеталиште доколку се е во најдобар ред ќе започне со функција од септемеври додава  градоначалникот Јорданов

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *