Дали Домот на културата Ацо Шопов Штип ќе се претвори во дискотека!? Најпрестижната културна институција со богата културна историја во наредниот период наместо културни настани од типот на промоции на книги, претстави, изложби ќе организира концерти буквално како во диско со неколку српски уметници. Во понудата ќе бидат вклучени флаши и маси кои ќе бидат поставени во големата сала а столчињата ќе бидат отстранети.Од тука се поставува и прашањето како може и кој дозволува вакви настани во институција за култура прашање за кои голем дел од граѓаните бараат одговор.
Angels fm ја контактираше министерката за култура Бисера Костадинова Стојчевска во врска со ова која ни одоговри:
„На оваа тема најдобро да го прашате директорот на институцијата, за ова првпат слушам и не сум запознаена“ Но дали е дозволено во ваков објект да се прават вакви настани Институција за култура да биде претворена во дискотека?
Министерката не сакаше да даде конкретен одговор.
На истото прашање го контактиравме и директорт на Дом на Култура Ацо Шопов Горан Трајков на следниве прашања…
Дали Домот на културата има одобрение да ги отстранува столовите и да става маси за во кафуле бидејќи ова е сепак културна институција?
Ако веќе се организираат настани зошто да се отсрануваат столчињата да личи на диско?
Дали побаравте дозвола и на кој начин ќе се регулира снабдувањето со алкохол?
„Ако треба да имаме одобрение Никаде во уставот тоа не е пропишано. Што правиме ако на пример сака да настапи Благица Павловска, Јордан Митев, да го донесеме „Валадндово Фест“ за тоа не ни треба одобрение. Станува збор за вкусови. Така да сметам дека нема потреба од одобрение јас сум поставен да донесувам одлуки за доброто на луѓето. За сметките и алкохолот си има задолжено луге во тој дел“ Истакна Горан Трајков-директор на центарот за култура Ацо Шопов
По одговорот побаравме и коментар од градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов
Јас сум згрозен, но не ме чуди тоа што директорот на оваа установа на Центарот за култура” Ацо Шопов” го прави ова. Ова е состојба која што неколкупати досега се повторува. Во минатото доста често сме говореле дека има несоодветно лице кое што е назначено на функцијата директор на установата Центар за култура “Ацо Шопов”. Крајно не сериозно е ваквото однесување за директор кој што има конфликт и судир со кондексот на самата работна позиција со законите. Замислете оваа установа Центар за култура “Ацо Шопов” во наредниот период ќе организира и концерти во сала која што не е наменета за тоа
Изјави Градоначалникот Јорданов
Одтука доаѓаме и до крајот со познатата изрека Кучињата лаат а караванот си врви.