Владимир Блажев – Панчо од дуото ДНК почина скоро седум месеци по трагедијата во Кочани, каде што се здоби со сериозни изгореници и повреди.

По долготрајната битка со повредите од трагедијата во Кочани, Владимир Блажев-Панчо почина во болницата каде што се лекуваше.

Си замина уште една легенда на македонската музика и не постојат зборови кои можат да ја ублажат болката предизвикана од прераното заминување на овој голем музичар со големо срце.

Со неговото заминување, македонската музика изгуби еден од своите најавтентични и најпознати артисти. Повеќе од две децении заедно со Андреј, Панчо го создаде едно од највлијателните дуоа во современата македонска сцена – ДНК. Нивните песни како „Некогаш ќе помине“, „Горе доле“, „Црно на бело“ и многу други остануваат како вечен спомен на нивната искреност, емоција и посветеност кон музиката.

Неговата харизма, топлина и човечност ќе останат запаметени не само меѓу колегите, туку и меѓу илјадниците фанови кои со години ги следеа неговите настапи.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *