Mакедонскиот филм „Диџеј Ахмет“, во режија на Георги М. Унковски освои три награди „Син ангел“ на престижниот Меѓународен фестивал на уметнички филм во Кошице. Долгометражното деби на Унковски доби награда за најдонбар филм, за режија и за актер – за младиот Ариф Јакуп.

Жирито со големо восхитување ја додели наградата за најдобра режија на Георги М. Унковски, истакнувајќи:
„Наградата му припаѓа на исклучителен раскажувач кој создаде чуден, магичен свет и, со неверојатно флуидна и јасна визија, испорача емотивна, сосема оригинална љубовна приказна. Неговиот беспрекорен кастинг и емоционално прецизна режија се ништо помалку од извонредни.“

Наградата за најдобар актер му беше доделена на блескавата изведба на Ариф Јакуп, за улогата на Диџеј Ахмет:
„Наградата му се доделува на ветувачки млад актер чиј талент, шарм и искреност нè убедуваат во трансформативната моќ на љубовта во еден циничен свет.“

Најпрестижната награда, „Син ангел“ за најдобар филм, му беше доделена на „Диџеј Ахмет“ со зборовите:
„Оваа награда му оддава почит на филм кој храбро раскажува приказна за моќта на љубовта. Покажува дека следејќи го нашиот внатрешен ритам и изразувајќи ја нашата индивидуалност без страв или срам, можеме да се ослободиме од силите кои притискаат.“

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *