Денес го одбележуваме Меѓународниот ден на среќата. Ден кој треба да нè инспирира да преземеме чекори за посреќен свет. Луѓето низ светот се стремат да водат среќен и исполнет живот, ослободен од страв. Сочувствувањето ја зголемува среќата и ни помага да ја изградиме иднината која ја посакуваме.
Обединетите Нации на 28 јуни минатата година одлучија секоја година на 20 март да се прославува Денот на среќата, ден кој треба да нè инспирира да преземеме чекори за посреќен свет.