Уште едно извонредно претставување на македонските средношколци – информатичари, како продолжение на уште една успешна година за Македонија на олимпијадите по информатика.
Дамјан Давков со македонскиот тим освои злато на олимпијада во Италија
На 32-рата по ред Балканска олимпијада по информатика која од 25-ти септември до 1-ви октомври се одржувa во Удине, Италија, нашите ученици постигнаа нов значаен успех.
Македонскиот тим на овој престижен меѓународен натпревар во програмирање, составен од учениците Дамјан Давков од Штип, Леонид Цуклев од Гевгелија, Виктор Максимоски од Гостивар и Владимир Грчев од Кочани, освои еден златен и
два бронзени медали.
Балканската олимпијада по информатика (БОИ) е врвниот натпревар во програмирање за средношколци од земји кои се наоѓаат на или околу Балканскиот полуостров.