Најдобар од македонските претставници на Балканската олимпијада по информатика е Дамјан Давков од Штип кој е ученик во Математичко-информатичката гимназија во Скопје, со освоен сребрен медал.
Благој Рујаноски Стојановски, Владимир Грчев и Виктор Максимовски добија олимписки пофалби за нивните резултати.
Највисокиот златен медал го освои Даниел Којнов од Бугарија, а златни медали освоија и Милош Милутиновиќ од Србија, како и Борис Михов и Андреј Стефанов, исто така од Бугарија.

