Од вкупно 350 натпреварували Дамјан Давков го освои првото место на првиот натпревар по математика UltiMATH и ја освои главната награда од 10.000 евра. Чудото од дете, како што многумина го нарекуваат учествуваше на натпреварот го организираа Бреинстер Некст факултетот и NU Колеџот за средношколци. Второто место му припадна на талентираниот Алексиј Тасиќ, а третото место го освои Ивано Божиновски. Сите тројца беа во тимот што ја претстави Македонија на Меѓународната олимпијада по математика ИМО2024 што се одржа во Англија.

Давков покрај главната награда од 10.000 евра, што претставува највисока награда за ваков тип натпревар во регионот, доби и 100 отсто стипендија за студирање на Бреинстер Некст факултетот. Математичко-информатичката гимназија (МИГ) каде што учи Давков ќе добие донација од 1.500 евра. Вредни награди ќе добијат и останатите ученици што учествуваа на UltiMATH.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *