Успение на Пресвета Богородица ― главната црква во штипското Ново Село и седиште на Новоселската парохија. Црквата претставува Споменик на културата заштитен со закон.

Историја

Црквата била отпочната со изградба во 1836 година и била завршена во 1850 година. Била изградена од градителот Андреја Дамјанов со неговата тајфа од браќа и претставува голема трикорабна базилика со пространи галерии на катот.

Според кажувањата на Штипјани, браќата Дамјанови ја граделе црквата 31 година. Каменот бил влечкан со дрвени коли, а бил обработуван рачно. Била формирана галерија на ретки икони на вториот кат. Денес таму има машки и женски олтар, бидејќи во црквата живееле и калуѓерки. Црквата имала скришно место каде револуционерот Гоце Делчев се криел. Во ѕидовите на храмот се лоцирани уште две места во кои се криеле околу 30 – тина други лица. Користејќи го тунелот што постоел под тронот на Архиепископот во црквата, а кој водел до куќите, востаниците се криеле и бегале од Турците.

 

Отец Добрица Јанев за AngelsFM

„Отец Добрица Јанев- Успение на Пресвета Богородица е градена од 1830 до 1850год. Од страна на браќата Дамјанови. Андреја, Никола, Ѓорѓи  и Коста. Црквата е градена на темелите на помала црква која била градена во 1801 год.   Исто така фреските на црквата  на платфонот се цртани од страна на Дамјанови.

Во 1860-та година доаѓа Станислав Доспевски ученик на Московската духовна  ликовна Академија и црта вкупно 180 икони кои се наоѓаат на иконостасот.

Интересно е тоа што во оваа црква може да видиме три стила на сликање. Од 1972 година е отворена првата галерија на икони од страна на проф.др- Коста Балабанов. А токму во иднина ќе биде отворена и прва таква галерија.

Во црковните кругови се смета дека Успение на Пресвета богородица се смета како духовна задужбина на Александриската патријашија.

Знаејќи дека сме биле под турското ропство во самата црква постојат и две големи  скривници преку која се влегува преку галеријата на икони, кои собират по 20 до 30 луѓе внатре. Тие скривници се наоѓаат помеѓу два ѕида и никој не може да ги открие. Во црквата има и мала скривница веднаш до западната врата, во која до ден денес е оставен ковчегот каде што ревоционерите ги чувале своите документи.

Во Ново Село учителствувал и Гоце Делчев, Даме Груев па така што оваа црква има и богата историско минато.

Се надеваме дека и во иднина ќе ни остане таква каква што ни е прекрасна, убава црква која е една од најмаркатните дела на Дамјанови. Се надеваме дека Господ и мајка Божја ќе ја чуваат. Ќе ја чуваме колку што можеме“ 

Иконите на иконостасот се од истиот период, изработени од зограф Станислав Доспевски, Станилов, Вангелов, Крсте зограф, Теодосие, Папрадишки, Христо од СамоковЗахарија Самоковлија, а фрескоживописот на куполите се претпоставува дека е изработен во истиот период од Ѓорѓи Дамјанов. Длаборезот на иконостасот, балдахинот, царските двери и владичкиот престол се изработени во истиот период од Никола Дамјанов. Нема податоци кога и од кој архијереј е осветена.

Во текот на 2015 година, биле реставрирани иконите со цел отворање на галерија на икони во самата црква. Зафатот бил со поддршка од Министерството за култура. Согласно до крајот на јануари 2015 година, биле реставрирани 35 икони.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *