Хитот се појави во 1994 година како дел од албумот „Merry Christmas“, кој Mariah Carey го издаде во соработка со продуцентот Walter Afanasieff – истото име кое стои зад глобалниот хит „My Heart Will Go On“ на Celine Dion. Легендата вели дека песната била напишана за само 15 минути, но токму таа брза инспирација создаде еден од највлијателните божиќни рефрени на сите времиња.

Повеќе од 16 милиони продадени примероци ја прават „All I Want For Christmas Is You“ една од најпродаваните песни во историјата на музиката и убедливо најуспешната празнична песна во модерната ера. Со текот на годините, песната стана нераздвоен дел од празничниот дух, па не изненадува што и денес доминира на радио етерот, стриминг платформите и телевизиските програми.

Според проценките, само во текот на декември Carey заработува најмалку 600.000 долари од авторските и изведувачките права, а годишниот приход од овој хит се движи меѓу два и четири милиони долари.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *