ФК Брегалница со првите засилувања и старо-нов спортски диреткор ги започнува подговотките за Втора фудбалска лига за  2024/2025 фудбалска сезона. Никола Тонев се враќа на местото спортски директор на клубот. Тонев веднаш се активираше на трансфер пазарот и веќе ФК Брегалница ги потпиша првите две засилувања. Јовица Радевски и Зоран Даноски се нови фудбалери на Брегалница. Радевски доаѓа од Беса, а Даноски од Тиквеш. Станува збор за квалитетни фудбалери со прволигашко фудбалско педигре и се очекува и те како да помогнат на штипските сини во плановите за експресно враќање во првата лига. Исто така, напаѓачот Иван Глигоров го продолжи својот договор, а со тоа се стави на располагање на шефот на стручниот штаб Трајче Сенев за претстојната сезона.

Раководството на клубот ја известува јавноста дека подготовките официјално започнуваат на 08.07.2024 (понеделник), а 6 фудбалери од младинската школа ќе се приклучат кон првиот тим.

Закажани се и пријателски подготвителни натпревари по следниот распоред:

20.07 Брегалница – Детонит

24.07 ФК Вихрен (Бугарија) – Брегалница

27.07 слободен термин – се чека противник

01.08 Работнички – Брегалница

10.08 Брегалница – Победа (генералка)

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *