И 30 години подоцна, Мараја Кери и нејзиниот веќе легендарен хит „All I Want for Christmas Is You“ се неизбежен декор за новогодишните и божиќните празници.Така, песната објавена 1994 година, само за 2023 година би можела да надмине 100 милиони долари во вкупна заработка.
„All I Want for Christmas Is You“ постави три Гинисови рекорди во 2019 година, вклучувајќи го и насловот на најстримуваната песна на „Спотифај“ (Spotify) во 24 часа. Во таа смисла, во декември 2018, била пуштена повеќе од 10,8 милиони пати, а тој рекорд повторно е соборен во 2022 година со 21,3 милиони стримови. Песната достигна една милијарда пуштања на „Спотифај“ во декември 2021 година. Редовно го достигнува број 1 на „Билборд хот 100“ во последните четири години.