Во Штип, во одлична и спортска атмосфера се одржа турнирот „Штипски Боречки Асoви“, на кој настапија млади борци од девет држави. Традиционалниот меѓународен турнир и оваа година го претвори градот во вистински центар на младинското ривалство, спортскиот дух и почитта кон боречката традиција.

На 29 ноември, во спортската сала „Коле Нехтенин“, настапија талентирани надежи од Србија, Бугарија, Грција, Косово, Албанија, Романија, Турција и Македонија, кои го покажаа својот квалитет, карактер и боречки жар.

Овој турнир, кој се одржува од 2015 година, е создаден како чест и вечна благодарност кон штипските боречки легенди кои веќе не се меѓу нас, но оставиле длабоки траги во историјата на македонското борење. Тие се пример за генерациите што доаѓаат, а турнирот претставува мост меѓу славното минато и иднината што ја градат денешните талентирани деца и млади борци.

Освоени медали и признанија:

  • 24 кг – Марко Јорданов – сребро

  • 30 кг – Наум Иванов – бронза

  • 30 кг – Лука Николов – бронза

  • 34 кг – Леонит Јанков – бронза

  • 38 кг – Дамјан Димитров – бронза

  • 50 кг – Ниола Пешев – сребро

  • 50 кг – Лука Јанчевски – бронза

  • 45 кг – Андреј Мишев – злато

  • 48 кг – Љупче Коцев – злато

  • 55 кг – Никола Гицев – злато

  • 71 кг – Филип Тодоров – бронза

  • 85 кг – Христијан Димитриев – злато

Девојки:

  • 30 кг – Лана Николова – злато

  • 53 кг – Бојана Ковачева – злато

  • 65 кг – Викторија Ѓурова – злато

У-20:

  • 65 кг – Мелани Митевска – злато

Специјални признанија:

  • Симеон Опренов – најдобар странски борач

  • Лана Николова – најдобар млад талент

  • Андреј Мишев – најдобар техничар на турнирот

  • Никола Гицев – најдобар домашен борач

  • Христијан Димитриев – освојувач на Трофеј „Штипски боречки асови“

повеќе на:

https://www.facebook.com/bk.balkanec.stip.2025

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *